Да, вашиот јазик е во право, веќе мириса на липи

362

Центрите за мирис и вкус во мозокот се длабоко поврзани. Мирисите во мозокот создаваат коплексни информации поврзани со вкусовите. Новите истражувања покажуваат дека овие две сетила се спојуваат и во клетките на јазикот.
Во списанието Journal Chemicl Senses минатиот месец беа објавени резултати од најновото истражување спроведено во Хемискиот центар Монел, непрофитна институција во Филаделфија каде што се проучуваат рецепторите за вкус.
Се покажало дека овие клетки содржат неколку клучни молекули кои исто така се наоѓаат во градбата на рецепторите за мирис, кои природно се наоѓаат во назалните канали на човекот.
Кога научниците ги изложиле рецепторите за вкус на одредени молекули тие покажале иста реакција како рецепторите за мирис.
Иако претходните истражувања имаа покажано присуство на олфакторни сензори во клетките на цревата, вклакната и спермата, ова е првпат нивното присуство да биде потврдено во рецепторите за вкус.
Вкусот е мошне едноставно сетило кое молекулите на храната ги дели во пет категории: слатко, кисело, горко и луто (пикантно/зачинето).
Долго се веруваше дека овие вкусови во мозокот се интегрираат со забележувањата на сетилото за мирис, како и на другите сетила.
Меѓутоа, последното истражување укажува дека оваа интеграција можеби се случува пред информациите да стасаат до мозокот, пишува „Нешенел џиографик“.