„Дајмлер“ ќе им подели по 1.000 евра „корона-бонус“ на своите работници

61

Германскиот гигант „Дајмлер“ соопшти дека на своите работници во Германија ќе им подели по 1.000 евра „корона-бонус“, со цел да ги награди за личниот и економски товар со носењето маски и работата од дома.

– Поради коронавирусот 2020 година беше предизвикувачка. Во тој период компанијата секогаш можеше да смета на флексибилноста и волјата на нашата работна сила, изјави раководителот во „Дајмлер“, Вилфрид Порт.

Право на бонус имаат околу 160.000 вработени во Германија.

Коронавирусот оваа година ја загрози економијата во светот, а голем број компании побараа од своите вработени да работат од дома, доколку е тоа можно.