Дани Димитровска – со нов хит – “Пијана“ а, сепак вљубена и трезна! 

64

„Пијана” е мошне необичен наслов на најновата песна на нашата поп-рок пејачка Дани Димитровска. Таа по неколку години пауза повторно се врати на  „Макфест“ на кој ја испеа и промовираше спомнатата песна. Во текстот на „Пијана” љубовното пијанство се шири како морскиот бран создаден од љубов и среќа. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот го потпишува Јордан Манов.

Најинтересно е што Дани низ песната порачува дека таа нема  време да мрази и гази луѓе. Стопроцентно е вљубена! Впрочем, така е и во нејзиниот живот на една обична нормална секојдневна жена, мајка, другарка, пејачка.

Песната „Пијана” на „Макфест“ Дани на сцената ја донесе облечена во костимот за кој многумина уште зборуваат. Како и сега за видеото. Тој е во целосна продукција на “2by4“, а во режија и монтажа на Ени Вучидолова.

Видеото за „Пијана” е како потсетник на тоа дека сме живи луѓе, создадени за слобода, за емотивна размена. “2by4“ продукција го обои и соедини ова парче вистина кое, сигурна сум, ќе ви донесе насмевки, изјави расположената Дани и на новинарите и на обожавателите.