Имаше сомнежи дека популарната сплитска хит-пејачка Данијела Мартиновиќ нема да одржи свој втор концерт во Скопје, но тоа се покажа како неточно. Таа најпрво во петок на 14 фебруари од 20 часот, на Денот на вљубените и Свети Трифун ќе пее пред целосно распродадениот МНТ, а потоа во сабота на 15 февруари со своето “Неописиво“, репризно ќе ја забавува публиката, своите македонски фанови кои ги разграбаа билетите кои воопшто и не се евтини. Данијела по тој повод искоментира на ФБ дека е бесконечно среќна и дека ќе направи напор во најбрзо време повторно да дојде во Македонија. Инаку, таа кај нас сними спот за хитот “Једну за љубав“, даде многу изјави за македонски медиуми, гостуваше во многу тв-емисии, па музичката средба со нашата публика нејзините обожаватели, во петок и сабота, за неа е само дополнителна причина за одлична незаборавна забава. Д.М.