Данијела Мартиновиќ, евровизиската ѕвезда, ќе пее и танцува во македонско Кратово, на 6 јули  

1305

Браво за изборот! И додека в сабота, 6 јули, црнкинката Грејс Џонс, светски позната пејачка, ќе ги забавува скопјани, во исто време, во Кратово, Данијела Мартиновиќ, сплитска пејачка, балканска музичка ѕвезда, “џебна Венера“ и поранешна девојка на пејачот Петар Грашо, ќе пее за тамошните домаќини и за нивните гости. Евровизиската хероина, која пред неколку години направи дармар со песната „Нека ми не сване“, доаѓа во убавото Кратово во рамките на манифестацијата „Златни денови – денови за паметење 2024“, која се одржува од 2014 година.

Данијела често настапува во Македонија, затоа што нашата публика ја бара. Последните добри концертни настапи ги имаше оваа зима, во Македонската филхармонија. Тогаш вети дека наскоро пак ќе се сретне со своите македонски обожаватели, а тоа е оваа сабота. На програмата се нејзините најголеми хитови: „То мало љубави“, „Бродолом“, „Распашој“, „Једну за љубав“, „Дежурај“, „Плеши са мном“, „Волим барабу“, „Зовем те ја“, „Све што срце пожели“…

А, срцето на публиката во Кратово ја посака песната на Данијела. Останува да се надеваме на одлична забава и на способноста на Данијела да ни ја долови атмосферата од Јадранското Море на „Златните денови“ во македонско Кратово. Браво за изборот на организаторот!   Д.М.