Дами раководат со Исланд: Првпат во историјата земјата има премиерка и претседателка – сите владејачки партии имаат жени лидерки

57
EPA-EFE/LISELOTTE SABROE DENMARK OUT

Левичарскиот Социјалдемократски сојуз, предводен од Фростадотир, освои најголем број гласови на предвремените избори на 30 ноември, а во нејзината коалициска влада ќе бидат вклучени и центристичката Народна партија и левичарската, проевропска реформска партија, RUV јавува телевизијата.

Првпат на Исланд се случува лидерите на сите владејачки партии да бидат жени, а првпат земјата истовремено има и претседателка, независната Хала Томасдотир, додава RUV.

Лидерката на Реформската партија Торгердур, Катрин Гунарсдотир, ќе биде министер за надворешни работи, додаде телевизијата.

Во директниот пренос на РУВ беше прикажано како лидерите на трите партии од коалициската влада се прегрнаа по потпишувањето на коалицискиот договор.

Фростадотир (36) ќе биде најмладата премиерка во историјата на Исланд, објави RUV. Новата коалиција ќе ја замени владата предводена од конзервативната Партија на независноста на Бјани Бенедиктсон, како и Левото зелено движење и централно-десничарската Прогресивна партија.