„Дамата“ се одлучи за Витсел

60

Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, тимот на Јувентус, најверојатно ќе биде следната дестинација на белгискиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Аксел Витсел. Искусниот играч за врска важи за голема желба на раководните лица на „старата дама“, но таквата желба ќе стане реалност за време на летниот преоден рок само доколку официјалната понуда не биде помала од 25 мил. евра.