Фолк-ѕвездата Сека Алексиќ не прекинува да ја изненадува нацијата со нови песни, со нов секси изглед. Сите забележаа дека сега Сека е многу ослабена, па луѓето се прашуваат дали е на некоја специјална диета или си има љубовни маки.
–
– Немам љубовни маки, бидејќи сè ми е супер во бракот со Вељко. Но, имав мака со килограмите. Тоа ми беше мана. Успеав да ослабам осум килограми затоа што ја применував диетата со банани. Јадев банани без чоколаден крем. Момци, затоа сега сум многу среќна. Наместо да јадам триесет крем банани дневно, јадев само по три без крем – порача Сека и притоа предизвика бура од смеење. Никој жив дотогаш не знаеше дека се слабее со банани без крем! Во случајот со неа, тоа се покажа како точно.
За да им ги смири страстите на љубопитните, таа возврати со контрапрашање: Дали има жештина? И, ќе чека одговор. Засега, разубавената пејачка се бори со летните горештини така што, во костим за капење, се лади под ладен туш во својот убав двор, целиот исполнет со медитерански растенија. (Д.М.)