Дали ќе се екстрадираат Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

26

По заедничката изјава на премиерот Мицковски и неговиот косовски колега Курти дека министрите за правда на Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од минситерството за правда за весникот Вечер велат дека за случајот Монструм од косовската страна било презентирано оти барањата за екстрадиција се процесуирани од страна на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение за истото ќе го информираат нашето минситерство.

,,Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман – рече косовскиот премиер Курти по меѓувладината конференција во Приштина.

Откако дојде на функцијата министер, Филков испрати ново барање за екстрадиција на двајцата осуденици за петкратното убиство кај Смилковското езеро и до сега нема одгвор по истата. Во минатото барањето беше неколкупати одбивано од косовските власти.

ИЗДВОЕНИ