Дали судбината на САД е во рацете на Џил Бајден?

1832
EPA-EFE/STAN GILLILAND

По млакиот настап на дебатата минатата недела, се погласни се повиците актуелниот американски претседател Џо Бајден да се повлече од претседателската трка и да му го остави местото на кандидатот на помлад колега од редовите на демократите.

Сепак, тој вчера најави дека нема да се повлече од трката и дека има целосна поддршка.

За време на минатонеделната дебата, големо внимание привлече неговата сопруга Џил, која многу аналитичари ја гледаат како негов најголем обожавател.

Џил Бајден беше покрај својот сопруг во текот на целиот мандат и кампања, а некои извори блиски до претседателската двојка сметаат дека токму таа го навела да се кандидира по втор пат на изборите против Доналд Трамп.

Сега кога продолжуваат гласините за неговата возраст и способност да ја извршува претседателската функција, некои луѓе во неговата партија советуваа дека тој треба да се повлече. Меѓутоа, неговата сопруга Џил мисли поинаку.

Која е Џил Бајден и колкаво влијание има таа?
Џил Бајден е родена во 1951 година, а го запознала претседателот Бајден три години по трагичната смрт на неговата прва сопруга и ќерка во сообраќајна несреќа. Тие се венчаа во 1977 година.

Работела во образованието повеќе од 30 години, а додека тој бил сенатор, таа работела како професорка по англиски јазик. Таа продолжи да работи кога пред пет години стана прва дама.

Поради блиските односи што ги има со нејзиниот сопруг, многумина ја сметаат за личност која има најголемо влијание врз претседателот Бајден. На второ место е неговиот син Хантер Бајден.

Затоа и не е чудно што по дебатата сите очи беа вперени во Џил и нејзината реакција.

Претседателот Бајден го помина минатиот викенд со сопругата, децата и внуците во претседателската резиденција во Мериленд. Овој краток одмор на претседателот беше однапред испланиран.

Џил има големо влијание врз Бајден
Многумина ова го гледаат како можност да смислат начин за подобро „потиснување“ на вознемиреноста на луѓето за дебатата и за тоа што ќе следи.

Иако членовите на семејството Бајден се согласуваат дека неговото појавување во дебатата поминало лошо, тие исто така веруваат дека никој не е подобар кандидат од него на изборите.

Тие исто така веруваат дека тој е способен да служи како претседател уште неколку години.

Иако беше невообичаено темпирана, појавувањето на Џил на насловната страница на Вог секако го привлече вниманието на медиумите и јавноста. Во написот, таа жестоко го бранеше својот сопруг велејќи: „Кога луѓето би знаеле што направил Џо…“.

За време на предизборниот настан во вторникот, претседателот ја обвини својата лоша среќа во џет-лаг од две патувања во Европа.

“Не бев многу паметен. Решив да патувам низ светот неколку пати”, рекол тој.

Тој додаде дека „не го слушал својот персонал“, а потоа се пошегувал дека „заспал на сцената“ за време на дебатата.

Што ќе се случи понатаму и дали Џо Бајден ќе остане кандидат, останува да видиме.