Големиот пријател на тајкуните Џилас и Јеремиќ, Зоран Заев, се пофали како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Џилас да влезат внатре. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет. Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ, што работат западните амбасади нека си ја работат својата работа тоа не ме интересира”, рече Вучиќ на прес конференција по повод демонстрациите
Демонстрантите одат по македонско сценарио, а целта е насилно менување на власта, кометираат српските власти откако антивладините демонстранти во саботата на протест во Белград “Еден од пет милиони# влегоа во зградата на националната РТС.
Специјални полициски сили доцна вечерта ги исфрлија учесниците во протестите кои влегоа во зградата на РТС, влечејќи ги и носејќи ги за нозе и раце.
Меѓу стотиците граѓани беа и предводниците на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС)-лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, основачот на СзС, Драган Ѓилас, лидерот на Демократската партија, Зоран Лутовац и други.
Околу полноќ пред зградата на РТС се уште беа собрани демонстрантите, опколени со полициски кордони.
Стотиците демонстранти бараа генералниот директор на РТС, Драган Бујошевиќ, и одговорниот уредник на Информативната програма, Ненад Стефановиќ, да поднесат оставка и побараа да гостуваат во централниот Дневник на РТС. Нивното незадоволство е предизвикано од, како што велат, необјективното покривање на политичкиот живот од страна на националните медиуми. Медиумите пренесоа дека меѓу демонстрантите, кои во саботата упаднаа во РТС, имало и таков кој влегол во просториите на националниот сервис со моторна пила.
На вонредна прес-конференција, која ја пренесуваше ТВ Пинк, во саботата вечерта реагираше и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој истакна дека “државата ќе мора да одговори на овој чин и секој што ќе го прекрши законот ќе биде прекршочно и кривично гонет.
Тој рече дека демонстрантите одат по “македонско сценарио#, споменувајќи го упадот во Собранието на 27 април 2017.
– Државата на ова ќе мора да одговори и секој што беше во РТС насилно, противзаконски, правел насилство, се заканувал или на друг начин ги кршел законите, ќе одговара прекршочно и кривично, секој човек. Овие луѓе кои се восхитуваат со “македонското сценарио# и велат дека е прекрасно што некој е осуден во Македонија и што некој дозволил народот да влезе во Собранието, осуден на 18 години затвор, сега го прават тоа, упаѓаат во РТС, повикуваат на насилство, на кршење на законот, на насилство кон новинарите и вработените во РТС – рече министерот.
Се огласи и српската премиерка Ана Брнабиќ, која оцени дека упадот во РТС е вандалски чин на СзС, кој укажува на тоа дека целта е насилно менување на власта.
Вучиќ обвини дека Заев бил голем пријател на Ѓилас и Јеремиќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ, вчера на пладне имаше вонредно обраќање откако во саботата демонстрантите упаднаа во РТС барајќи да се врати телевизијата на народот.
Вучиќ ги спомена предводниците на протестите како големи пријатели на Зоран Заев, како и затворската казна на Митко Чавков и двојните аршини на западните амбасади.
“Интересно е како кај нас имаат двојни аршини. За оние кои не слушнаа прашањето беше: Како е можно западните амбасадори да не го осудија, а во иста секунда ги осудија оние кои упаднаа во македонскиот Парламент?
– Големиот пријател на тајкуните Џилас и Јеремиќ, Зоран Заев, се пофали како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Џилас да влезат внатре. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет. Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ, што работат западните амбасади нека си ја работат својата работа, тоа не ме интересира” – рече Вучиќ.
Вучиќ рече дека државата Србија нема да дозволи некој да се заканува со насилство.
“Тие наидоа на тврд орев, наидоа на некој кој воопшто не се плаши од нив. Нивната цел не е РТС, јас сум таргетот, бидејќи спроведувам националната консолидација на Србија”, рече Вучиќ.
Тој рече дека меѓу организаторите на протестот има нервоза за “малиот број луѓе кои протестираат”, тврдејќи дека 1.550 луѓе биле пред РТС во саботата.
Српски “Информер# неодамна објави дека македонскиот премиер Зоран Заев учествувал во планот за соборување на власта на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српската напредна партија.
Според порталот, минатиот месец, српскиот тајкун Драган Ѓилас допатувал во Скопје и на 8 февруари, како што се наведува во текстот, во една од “скопските резиденции# на македонскиот премиер Зоран Заев да ги договори деталите од планот за соборување на Вучиќ од власт во Србија.
Порталот тогаш објави дека на средбата бил усвоен план од пет точки, кој во наредните шест месеци треба да доведе до општ хаос во Белград и во Србија.
Од Владата на Република Северна Македонија за весникот “Вечер#тогаш ги отфлија информациите на српскиот портал како невистинити и лажни.
Протест пред претседателството
Паралелно со обраќањето на Вучиќ, демонстрантите вчера напладне се собраа пред зградата на Претседателството, предводени од водачите на опозицискиот Сојуз за Србија. Зградата беше опкружена со два полициски кордони, а собраните извикуваа “Уапсете го Вучиќ”.
Стотици демонстранти направија жив синџир околу зградата на Претседателството на Србија, со цел да го спречат претседателот Александар Вучиќ да излезе по одржаната прес-конференција.
Демонстрантите повторија дека бараат оставка на Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, претседателката на парламентот Маја Гојковиќ и на директорот на РТС, Драган Бујошевиќ, како и слободни медиуми во наредните шест до девет месеци, за потоа да се одржат и фер и слободни избори.