Дали МАНУ следната недела ќе стане НАНУ?

65

Неделава, според Преспанскиот договор Македонската академија на науките и уметностите ќе треба да го промени името бидејќи веќе нема да може да го користи името кое ја содржи придавката „македонски#. Новата кратенка би можело да биде НАНУ.
Спред Договорот националните институции кои носат предзнак „македонски/ска„, ќе треба да ја избришат додавката и да стават „на Република Северна Македонија„.
– Се уште се бара решение за Македонската академија на науките и уметностите бидејќи од таму најавија дека не сакаат да го додадат новото име. Решението кое се споменува е наместо „македонска” (МАНУ) да се користи национална академија на науките и уметностите или скратено НАНУ, дознава Сител.

Деновиве во “Службен весник„ ќе биде објавен датумот кога ќе влезе во сила новото уставно име – Република Северна Македонија, а веднаш потоа на државните институции ќе бидат поставени нови табли со новото име Република Северна Македонија.