(Дали) Македонија пак нема да учествува на Песна на Евровизија?

202

Ништо ново!                                                                                                            Речиси ништо пак, од нашето пеење на евровизискиот фестивал. Како што пренесува интернет-порталот ТВ-Пакет, според објавената предлог-програма на Македонската радио-телевизија за следната 2025 година, очигледно е дека Македонија, трета година по ред, нема да учествува на Изборот на песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Швајцарија, во мај, во градот Базел.

Единствено директно ќе се пренесуваат сите три вечери, но наш, македонски претставник и следната година нема да има. Значи нема да имаме ниту македонски избор во Скопје.

Како што напоменуваат од ТВ Пакет, во досегашните години, кога учествувала МРТВ, во предлог-програмата точно стоело дека Македонија ќе има свој евровизиски претставник, каде што ја пишувало и сумата со која ќе учествува МРТВ и воедно ќе одвои финансиски буџет за учеството.

За прв пат оваа реченица била извадена во 2023 година, кога и Македонија за прв пат се повлече од Евровизија. Истата реченица се врати минатата година, но според скромно одвоениот буџет, јасно било дека со малку пари нема ништо од наше учеството на Евровизија.

Оваа година стои само дека ќе се пренесуваат детската Евровизија и големата Евровизија, но нема објавен буџет за разлика од изминатите години. Се претпоставува дека тоа би значело и неучество и на детската Евровизија следната 2025 година. Публиката е, секако, заинтересира кои се причините. Недостиг на пари во МРТВ или незаинтересираност на Македонија да пее на Евровизија?

За разлика од нас, многу балкански земји се подготвуваат за своето повторно евровизиско учество како, на пример, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција… Србија веќе распиша јавен конкурс за песна што ќе ја претставува во Швајцарија.        Но, Македонија, трета година по ред, веројатно ќе апстинира, според сите сегашни проценки. Тие што го подржуваат нашето неучество велат подобро и така отколку да одиме таму да се срамиме и со песните и со често несоодветното однесување надвор од сцената.

Дали се во право или не, останува да видиме каков ќе биде крајниот резултат.          Сепак, Евровизија си е Евровизија, каква и да е, добра или лоша, ја подига гледаноста и крева неверојатен медиумски прав.