Прошетката низ улиците на Шангај и неговата кафеанска култура е неизбежна, пишува Би-би-си. Има некои области каде што нема да може да свртите без да поминете покрај уште едно ново мало кафуле. Во финансискиот главен град на Кина има толку многу кафулиња, па Владата тврди дека таму има повеќе кафулиња отколку во кој било град во светот
Пред две години, Шангај беше на врвот од листата на градови со најголем број кафулиња, престигнувајќи ги Токио и Лондон. Особено е интересна приказната за тоа како се развила културата на кафулињата во овој град, кој го нарекуваат и место за љубителите на кафето.
Прошетката низ улиците на Шангај и неговата кафеанска култура е неизбежна, пишува Би-би-си. Има некои области каде што нема да може да свртите без да поминете покрај уште едно ново мало кафуле. Во финансискиот главен град на Кина има толку многу кафулиња, па Владата тврди дека таму има повеќе кафулиња отколку во кој било град во светот.
Оваа култура се развива во градот со години, но укинувањето на ограничувањата по ковидот навистина ѝ даде поттик, бидејќи локалното население го прифаќа животот на отворено, барајќи места за средба со своите пријатели и семејството. Сепак, со толку многу нови кафулиња, конкуренцијата за посетители стана жестока.
Повеќето од сопствениците што разговараа за Би-би-си, веруваат дека сите овие бизниси не може да опстанат.
Властите во Шангај велат дека има во градот „повеќе од 8.000 кафулиња“. И извештајот на Шангајскиот меѓународен фестивал за културата на кафето забележа 9.553 кафулиња на крајот од 2023 година.
Шангај не се издвојува само по бројот на продажни места за кафе. Во другите кинески градови сè уште доминираат големите синџири како „Старбакс“ и неговиот локален ривал, „Лакин“, а експлозијата на кафулиња во Шангај во голема мера беше поттикната од независните продавници како „Dong Xiaoli“.
Сопственичката на ова кафуле, Донг Ксијаоли, вели дека немала друг избор, освен да се впушти во индустријата, бидејќи чувствувала голема страст кон кафето, но не било лесно.
На прашањето каков совет би му дала на некој што размислува да ги следи нејзините стапки, таа се смее и одговара: „Би рекла: ‘Немој да го правиш тоа’. Инвестицијата наспроти заработката е страшна. Мора да купиш скапи машини и да вложиш многу пари. Притоа, заработувате многу мали пари во споредба со другите индустрии“.
За да се успее на овој пазар, треба да се има посебна енергија и да се биде уникатен. Ова стана исто толку важно како и сè друго во привлекувањето клиенти.
Да се биде виден во кафуле овде се смета за модерно и урбано, што ја поттикна популарноста кај помладите генерации. Кафулињата станаа социјална можност за многу млади луѓе да се дотераат и да се сретнат на кафе и на разговор.
Жителите на Шангај, кои долго време се гледаат себеси како наследници на космополитскиот став на Шангај во раните децении на 20 век, се горди и на својата кафеанска култура.
Јуан Џингфенг, кој раководи со кафулето R1070, вели дека целото негово кафе доаѓа од Јапонија: „Моите трошоци се многу високи. Моите увезени зрна вклучуваат американски и италијански стилови, сите се увезени од Јапонија, во нивното оригинално пакување. Последните неколку војни во Јемен и во Етиопија имаа влијание. Има сè помалку и помалку зрна кафе, додека бројот на оние што пијат кафе постојано се зголемува“.
Сопствениците се надеваат дека ова нема да биде само минлива мода.
Според некои проценки, кинескиот пазар на кафе бил проценет на повеќе од 260 милијарди јуани (35 милијарди американски долари) минатата година. Се предвидува дека може да се зголеми за уште сто милијарди (13 милијарди американски долари). Пазарот на брендирани кафулиња во земјава лани пораснал за 58 отсто, објави порталот „ World Coffee Portal “.
Со толку високи трошоци во Шангај, многу кафулиња не може да си дозволат да го задржат својот простор неискористен ноќе, па навечер се претвораат во барови, понекогаш со жива музика.