Дали знаете за најпознатата решетка во светот?

32

На југозападниот агол на авенијата Лексингтон и 52-та улица во Њујорк се наоѓа решетка од метрото која е дел од една од најпознатите сцени во историјата на филмот.

Точно на 15 септември 1954 година Мерилин Монро во нејзиниот познат бел фустан застанала токму на тоа место додека го снимала филмот „Седум години верност“.

Во моментот кога возот на метрото помина под решетката, белиот материјал на фустанот се крена, создавајќи иконска сцена која стана составен дел од тогашната поп-култура.

Доколку 20th Century Fox не ја информираше јавноста навреме, сцената немаше да постигне таква популарност. Помеѓу 3.000 и 5.000 гледачи се собраа на улицата за да бидат сведоци на овој момент.

Бучавата на авенијата Лексингтон беше толку голема што режисерот Били Вајлдер не можеше да ја искористи снимката, па сцената потоа беше повторно снимена на холивудски сет. Фотографиите направени за време на медиумската промоција станаа пресудни за успехот на филмот.

Меѓу насобраните бил и тогашниот сопруг на Мерилин, Џо Димаџо, кој не бил среќен што неговата сопруга ги разоткрила нозете. Нивната конфронтација таа вечер, наводно, довела до постапка за развод неколку недели подоцна.

Иако Њујорк многу се промени оттогаш, решетката на метрото сè уште ги привлекува обожавателите на Мерлин Монро, кои со задоволство се фотографираат.