Дали биоразградливите кеси се разградливи? – Науката праша, науката одговори

476

Дали т.н. биоразгрдливи пластични кеси се навистина разградливи во природна средина?

Еве што велат научниците од Универзитетот во Плимут во Велика Британија.

Тие се обидоа да откријат дали ова е точно така што оставија 5 вакви кеси во 3 различни животни средини: во земја, море и на отворено.

И кои беа резултатите?

-Ниедна од овие кеси целосно не исчезна ниту целосно се распадна во ниедна од животните средини. А особено не во земја и море – дури некои од кесите беа сосема употребливи за носење работи од пазарење кои вообичаено ги купуваме секојдневно, вели д-р по биологија Ајмоџин Напер.

Професорот по морска биологија Ричард Томсон за Јуроњуз вели дека истражувањето покажало дека испитуваните материјали – пластичните кеси – просто не се разградливи во некое догледно време во природна средина.

Последните години се повеќе земји велат НЕ за пластичната амбалажа. Во 2002 година Бангладеш беше првата земја што забрани пластични кеси. Оттогаш уште 59 земји презедоа мерки за делумна или целосна забрана на оваа амбалажа.

Инаку, о оваа британска студија се доведува под прашање и алтернативата на пластичните кеси, т.н. биоразградливи кеси.

Овие кеси во природа не се разградуваат туку само се распаѓаат на помали парчиња кои потешко се забележуваат.

Тоа е како криење на ѓубрето под тепих.