Далеку од рефлекторите на шоубизнисот: Ќерката на болниот Брус Вилис откри како изгледа неговиот живот

123

Актерот Брус Вилис, кому пред неколку месеци му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, живее далеку од светлите рефлектори на шоубизнисот и целосно се посветува на своето семејство кое се грижи за него и е покрај него.

Неговата 29-годишна ќерка Талула даде интервју за магазинот „Вог“, а во него откри неколку детали за тоа како изгледа животот на болниот актер.

„Деновиве можете да го најдете татко ми на првиот кат од куќата, некаде на големиот отворен простор од кујна-трпезарија-дневна соба или во неговата канцеларија. За среќа, деменцијата не влијаеше на неговата подвижност“, вели Талула.

Притоа додала: „Неодамна во неговата канцеларија пронајдов парче хартија на кое напишал „Мајкл Џордан“. Би сакала да знам што мислел и што го поттикнало да го напише името на кошаркарот.“

Талула споделила дека Брус во својата канцеларија ги складирал омилените предмети и дека секогаш слушал музика кога бил внатре.

По дијагнозата, неговата најстара ќерка Румер на инстаграм споделила вест за состојбата на нејзиниот татко, велејќи дека неговата состојба „напредува“ во потежок стадиум.