Оливер Кан важи за најдобриот голман во фудбалската историја и затоа неговиот збор има исклучителна тежина бидејќи бранеше во време кога конкуренцијата беше најжестока на сите позиции.
Со оглед на континуитетот и 15-годишната доминација на фудбалските терени, Лионел Меси и Кристијано Роналдо важат за најдобри играчи досега.
Но, легендарниот Кан има поинакво мислење и смета дека еден човек бил далеку пред Аргентинецот и Португалецот кои се уште се активни.
Станува збор за славниот Роналдо Назарио да Лима кој не издржа толку долго како Меси и КР, но во само неколку врвни сезони успеа да остави неверојатен впечаток.
„За мене Роналдо беше далеку подобар од Меси и Кристијано. Сè уште го гледам како најкомплетниот играч досега. Бразилецот беше најдобриот играч што некогаш сум го видел“, изјави Кан во една прилика.
Кан по лошо се сеќава на Роналдо, кога во финалето на Светското првенство во 2002 година се сретнаа Бразил и Германија, а „кариоките“ победија со 2:0.
Дотогаш „Титанот“ бранеше маестрално, беше на пат да стане првиот голман кој ја освоил „Златната топка“, но во финалето направи огромна грешка која Роналдо ја искористи и на крајот им ја донесе титулата на Бразилците.
Општ е впечатокот дека Роналдо никогаш не успеал да го покаже целиот свој потенцијал и тоа поради недостигот на професионален живот и поради честите проблеми со повредите кои му ја уназадија кариерата.
Бразилецот во една прилика ја спомена главната разлика меѓу него и Кристијано Роналдо, бидејќи е познато дека на „Ил Феномено“ многу му пречеа тренинзите.
„Разликата меѓу мене и Кристијано Роналдо е во тоа што не сакав да тренирам, додека тој тренира за да биде светски шампион. Замислете каде би бил јас кога би го направил истото“, изјави Бразилецот.