Давитков ќе смета на Хендрикс

95

По заврувањето на кошаркарскиот Куп на Македонија, кој на програмата е овој викенд,  ќе следи и собирот на националниот тим за завршницата на вториот претквалификациски циклус за Евробаскет 2021 година.

Македонија последниот натпревар го игра на гостински терен против селекцијата на Романија, дуел за кој селекторот Јорданчо Давитков нема премногу да тактизира со составот, повикувајќи ги клучните играчи од досегашниот дел од групната фаза. Поради тоа, во изборот за натурализиран кошаркар Давитков повторно ќе смета на Ричард Хендрикс, откако одличниот центар го пропушти последниот дуел против Косово од семејни причини, но за мечот со Романија ќе го облече „црвено – жолтиот“ дрес.

Македонија моментно се наоѓа на првото место на табелата во својата група, а нашите кошаркари можат да си дозволат и пораз до 14 поени разлика и да останат на чело, пласирајќи се во главните квалификации за Евробаскет 2021.