Давид ќе игра во Серија А

413

Вечните ривали од италијанската Серија А, Јувентус и Интер, моментално водат голема борба околу потписот на канадскиот интернационалец од редовите на францускиот прволигаш Лил, Џонатан Давид. Брзоногиот напаѓач има договор со Лил до крајот на актуелната сезона и поради таквата ситуација челниците на францускиот клуб се принудени да го продадат за време на зимскиот преоден рок.