Давид желба и на Барса

31

Калчо гигантите Милан, Интер и Јувентус, добија сериозна конкуренција во вицешампионот на Шпанија, тимот на Барселона, кога е во прашање потписот на канадскиот интернационалец од редовите на францускиот прволигаш Лил, Џонатан Давид. Брзоногиот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и тоа значи дека ќе си замине без никакво обештетување.