Германскиот гигант, Баерн (М), е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на најдобриот фудбалер во дресот на Лил, Јонатан Давид, откри близок извор до таборот на францускиот прволигаш. Младиот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а за него голем интерес покажаа и раководните лица на Барселона, Милан, Интер и Јувентус.