Давид  Дејвис го продолжи договорот со Веспрем 

109

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем го продолжи договорот со тренерот Давид Дејвис за уште една сезона. Дејвис пристигна во Веспрем во октомври и брзо го врати клубот на победнички колосек. Унгарскиот тим забележа 16 победи во низа, па тренерот кој е поранешен член на Вардар доби награда за сработеното и договор до 2020 година.

Веспрем е на второто место во групата, во Лигата на шампионите, веднаш зад Барселона, а во последното коло ќе мора да го победи Киелце за да остане на истото место.

Во домашното првенство заостанува зад лидерот Пик Сегед и со Татабања се бори за втората позиција. Дејвис покрај клупата на Веспрем, ќе продолжи да ја извршува улогата на селектор на Египет.

Претходно беше „десна рака“ на Раул Гонзалез, а со ЖРК Вардар играше во финалето на Лигата на шампионите.