Г-7 идната година ќе дoнира една милијарда вакцини против Ковид-19 и ќе соработува со приватниот сектор, со Г-20 и со други држави, се наведува во завршната декларација од тридневниот самит во Корнвол.

„Ветувањето што го дадовме кога последен пат се сретнавме во февруари 2021 година, а сега во Заливот Карбис, е една милијарда дози за една година“ се наведува во завршната декларација, во која увид имаа дел од западните медиуми.

Исто така се посочува дека за постигнување на таа цел Г-7 ќе соработува со приватниот сектор, со Г-20 и со други земји.