Генералштабот на Армијата одлучно се спротивставува на било кој обид на нарушување на кредибилитетот, интегритетот и угледот, кој макотрпно го имаме стекнато во општеството и кај граѓаните, се наведува во соопштението од Канцеларија за односи со јавноста на Генералштабот, а во врска, како што посочуват, со објавите кои континуирано се појавуваат на социјалните мрежи и одредени интернет портали, во кои во име на припадниците на Армијата се прават обиди за инволвирање на Армијата во политичките случувања.
– Армијата, како и секогаш досега ќе опстои на определбата да не биде инволвирана во било какви партиски влијанија од било кого, а уште повеќе ќе се спротивстави на сите обиди од било кои групи или поединци кои политичките ставови ги пласираат затскриени во име на припадниците на Армијата, стои во соопштението.
Армијата, се подвлекува во соопштението, цврсто е определена да продолжи, како секогаш досега, да работи професионално и доследно ќе остане фокусирана во извршувањето на своите мисии и задачи, како што доликува на Армија на држава која е полноправна членка на НАТО.