Се погласни се шпекулациите дека каталонскиот гигант Барселона сака да се ослободи од услугите на германскиот интернационалец Илкај Гундоган. Неофицијално, искусниот играч за врска има сериозен проблем со новиот шеф на стручниот штаб, Ханси Флик, и затоа двете страни ја разгледуваат опцијата за продажба, а следна дестинација на Гундоган повторно ќе биде англиската Премиер лига.