Актуелниот шампион на Германија, тимот на Баер Леверкузен, со големо внимание ја следи ситуацијата околу турскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Арда Гулер. Популарните „фамацевти“ планираат да испратат две понуди за офанзивниот играч за врска, првата да биде позајмен, со опција за откуп на неговиот договор, а втората Арда да биде дел од можниот трансфер на Флоријан Вирц.