Грчките медиуми за изгласаната нова Влада на С. Македонија

39

„Северна Македонија: Владата на Ковачевски доби доверба“; „Северна Македонија: Со 62 гласа „за“ беше избрана Владата на Ковачевски“; Северна Македонија: Владата на Ковачевски доби доверба од Собранието“, се дел од насловите во онлајн изданијата грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА за синоќешното гласање на доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА детално го објаснува новиот владин состав, ги пренесува ставовите на новиот премиер за време на расправата во Собранието, како и ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Аналитичарите во Скопје го поставуваат прашањето дали Владата на Димитар Ковачевски ќе може да го заврши својот мандат, кој формално е уште две и пол години. Тоа е затоа што најголемата партија во владејачката коалиција, СДСМ, на неодамнешните локални избори во земјата претрпе убедлив пораз, што предизвика сериозни турбуленции во самата партија, додека десничарската ВМРО-ДПМНЕ, која во моментов се појавува како најголема политичка сила во земјата, на високи тонови аргументира дека новата Влада нема легитимитет, бидејќи постои неусогласеност меѓу власта и народната волја, како што таа беше изразена на локалните избори. Сепак, Димитар Ковачевски вели дека неговата Влада ќе го заврши мандатот и ја отфрла можноста за предвремени избори, објави АНА-МПА.

Грчката новинска агенција коментира и дека „една од „жешките“ теми“ за новата Влада се односите со Бугарија, „која над една година го спречува почетокот на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ поради отворените национални, јазични и историски разлики меѓу двете земји“.

-Новиот премиер на Бугарија Кирил Петков ќе биде првиот странски лидер што ќе се сретне со Димитар Ковачевски. Пет