Грчкиот Парламент го изгласа Договорот од Преспа со 153 ЗА 146 НЕ

72

По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, штотуку грчкиот Парламент ја изгласа Ратификацијата на Договорот од Преспа. ЗА договорот гласаа 153 пратеници, против беа 146.

Со прозивање, сите 300 пратеници одговорија  дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.