Една од најпопуларните грчки пејачки, Маринела, за која Грците велат дека е нивната „Селин Дион“ од завчера е на интензивна медицинска нега. Таа доживеа силен мозочен удар сред самиот на концерт кој се одржа пред преполн древен атински „Одеон“, во подножјето на Акропол.
Оваа 86-годишната пејачка, која сè уште прави концерти и која гласот ја држи, и има вкус за сценско облекување, едноставно колабира на сцената за времена пеењето. Сосема неочекувано се стресе и падна со целата тежина. Сите веднаш и притрчале да ѝ помогнат, а за неколку минути дојде и брза помош која итно ја однесе во болницата. Концертот беше прекинат, а исплашените обожаватели на Маринела многу загрижени си заминаа.
-Маринела доживеа „сериозен мозочен удар“, кажаа лекарите од атинската болница. Преморена е, треба да се одмора, и од настапите и од пеењето. Ќе мора да биде на терапија на подолг период што секако е голем минус за публиката која уште сака нејзините песни да ги слуша во живо.
–
–
Маринела е пејачка со многу богата кариера која трае повеќе од шест децении. Својата татковина Грција ја претставуваше на Песна на Евровизија во 1974 година и се смета за една од евровизиските ѕвезди. Тогаш на натпреварот во Брајтон победи шведската група АBBA со хитот „Waterloo”, а за поранешната Југославија пееше популарната „Корни-група“ со песната „Моја генерација из 42. године“.
За оние што не знаат, Маринела е нејзиното естрадно-уметничко име, а вистинско име и презиме е карактеристично грчко: Киријаки Пападопулу. До сега има издадено рекордно 66 соло ЛП-албуми и оствари плодна соработка со други познати грчки композитори, пејачи, текстописци.
Новинарите за неа секогаш имаа(т) напишано убави зборови. Својата популарност кај грчката публика ја задржа до ден-денес и ако во меѓувреме стасаа многу други нови грчки пејачки, кои се само нејзината бледа копија. Д.М.