Грција 2024: Забележан најтоплиот јуни од 2010 година

81

Овој јуни беше најтопол во Грција од 2010 година, покажуваат податоците на Националната опсерваторија на Атина со 53 метеоролошки станици. Метео.гр пренесува дека овој јуни се забележани значителни позитивни температурни отстапувања низ земјава, објави Катимерини.

Во Централна Грција и на Пелопонез забележани се температури кои во просек достигнаа до 4,8 степени Целзиусови над нормалата. Единаесет метеоролошки станици забележаа високи температури на 13 јуни, вклучително и 44,5 степени Целзиусови во Вуколиес, Крит.

Во Атина просечното максимално температурно отстапување беше плус четири степени, при што 29 од 30 дена се потопли од вообичаеното, пренесува Танјуг.