ГРЦИЈА СЕ ТРЕСЕ: Регистрирани девет земјотреси во еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

405

Неколку земјотреси попладево ја затресоа Грција. Најсилниот со јачина од 5.3 степени по Рихтер, беше некаде по 17 часот. Бил почувствуван и во Солун.

Потоа имаше уште еден потрес со јачинна од 3.8 степени и следуваа уште седум послаби удари со јачина од околу 2 степенни.

Сите земјотреси се со епицентар во близина Неа Мудањана на Халкидики.