Грција во шок, полицаец осум години си ги силувал ќерките, а синот го принудувал на инцест

207

Полицаец во Грција е уапсен под сомнение дека најмалку осум години физички и сексуално ги малтретирал сопругата, која била полицајка и нивните четири малолетни деца. Пријавата против него ја поднела сопругата кон крајот на ноември. Таа рекла дека сопругот, кој на социјалните мрежи се претставувал како прекрасен татко, дома бил монструм. Открила дека почнал да ги силува трите ќерки кога имале само пет години, а го принудил и синот на инцест. Во шокантното сведочење полицајката изјавила дека со ќотек сопругот ја терал да се изживува над децата и да им ги прави најгрозоморните работи, објави Катимерини.

Медиумите, повикувајќи се на свои извори, пишуваат дека полицајката се обидела да го пријави сопругот за насилство уште во 2016 година,кога тој бил во болница во животна опасност. Наводно на пријател му се доверила дека тој ги тепа и неа и децата, а кога излегол од болница на пријателот му рекла дека ако дознае дека го пријавила може да ја убие.

Уапсениот полицаец работел како обезбедување во собраниската зграда, а колегите верувале дека е семеен човек, добар сопруг и татко, иако слушнале дека има одредени психички проблеми, поради кои кои извесно време не смеел да носи оружје.

По притворот што го добил полицаецот ѝ рекол на мајка му дека ќе се самоубие, поради што итно бил пренесен во психијатриското одделение на воената болница. Според портпаролот на полицијата, децата на распитот ги потврдиле сите изјави на мајката. Според медиумите, осомничениот за време на рочиштето негирал сѐ, а не се знае дали ќе биде обвинета и неговата сопруга која учествувала во насилствата и долги години ги криела.

ИЗДВОЕНИ