Група држави од Латинска Америка го повикаа Мадуро да не положи заклетва

40

Вкупно 12 влади на држави од Латинска Америка побараа од венецуелскиот претседател Николас Мадуро да не положи заклетва за втор мандат следната недела, и да ја предаде власта до нови избори, затоа што сметаат дека то би било единствен пат за враќање на демократијата во Венецуела.

Овие држави сметаат дека победата на Мадуро на изборите е нелегитимна.

Мексико одби да им се приклучи на државите од регионот, меѓу кои се и Бразил, Аргентина, Колумбија, Чиле и Перу.