Грузиската национална авио-компанија ѝ забрани на претседателката на земјата да ги користи нивните авиони

1782
Оваа забрана следеше откако Зурабашвили изјави дека ќе ја бојкотира авиокомпанијата поради обновувањето на летовите за Русија, пренесува Ројтерс по написот на руски ТАС.
Русија во мај објави дека ја укинува четиригодишната забрана за директни летови со Грузија и со децении важечките визи за Грузијците кои патуваат во Русија, пренесе Ројтерс.
Претседателката на Грузија ги повика властите са ја осуетат руската инцијтива, што тие го игнорираа.
Тамаз Гајашвили, основачот на приватната компанија „Грузија ерлајнс’ изјави дека Зурабашвли е сега „персона нон грата“ и дека нема да ѝ биде дозволено да ги користи услугите на компанијата додека „не му се извини на грузискиот народ“.
Зурабашвили засега не се огласи.
Иако грузиските официјални лица го поздравија обновувањето на летовите, некои Грузијци, кои сакаат нивната земја да се дистанцира од Москва во корист на ЕУ, демонстрираа во центарот на Тбилиси.