Груевски со честитка од Будимпешта: На сите кои не можеа да ме смислат минатата, оваа година ќе им биде полоша

330

Поранешниот премиер, Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта на социјалните мрежи ја честиташе Новата година и порача дека на сите кои не можеле да го смислат оваа, идната година ќе им бидела полоша.

„Среќна нова 2023 година!

Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место!

Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф!

Бог нека е со Вас и со Македонија!

П.С. На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша“, објави Груевски на Фејсбук.