Груевски за притворот на Чавков: Заев му се одмаздува за случајот “Поткуп”

60

За притворот на Митко Чавков кој му е одреден два дена пред изрекување на пресудата за настаните во Собранието  од 27 април со реакција од Будимпешта се јави и екс премиерот Никола Груевски.

“Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп” каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина-напиша Груевски на фејсбук

Во својата анлиза за случувањата тој појаснува дека и покрај легално стекнатите докази (видео снимка направена по налог на обвинител), судиите кои го воделе предметот Поткуп од кој едниот судија била Добрила Кацарска го прогласија Заев за невин. Истите судии во случајот Тенк каде имало како што пишува Груевски  нелегално стекнати докази (аудио материјали), кои биле  копии не споредени со оргиналот, одбиле  нивно вештачење за нивната автентичност и целовитост и свесно го игнорираа Законот за приватност, без никакви докази, во постапка за која државната комисија за спречување дискриминација објави мислење дека судиите и судот воделе постапка во која ми била извршена директна дискриминација, на база на претпоставки и асоцијации мене и другите во предметот Тенк не прогласија виновни.-посочува тој.

Според Груевски самиот Заев две недели однапред во изјава објавил дека судот ќе го прогласи за виновен, а него за невин. Трите случаи ги водеше ист судија, судијаката Добрила Кацарска: 27 ми април, Тенк и Поткуп,посочува тој.

Предвременото апсење на Чавков, како што пишува тој  само ја покажало  спрегата помеѓу обвинителството и судот.

“Иако обвинителството од страна на судот треба да има ист третман како одбраната и обвинетите, бидејќи за судот и двете страни се странки со еднакви права, очигледно е, и уште еднаш се покажува дека и двете се раководени од еден ист центар.
Обвинителството предвреме знае, пред судијката да пресуди, дека судот ќе го осуди Чавков за виновен и предвреме бара и добива притвор за него.
Митко Чавков имал надреден, се викал Нухиу, кој ако навистина со нешто се доцнело можел, имал право и должност да издаде наредба како ВД министер за внатрешни работи. Тој не сторил ништо. Не издал никаква наредба бидејќи очигледно проценил дека се работи законски, според правилата и најбрзо можно. Но, тој не се гони. Нему Заев не му е лут за случајот Поткуп-посочува тој.

За Груевски Митко Чавков е невин и жртва на политички прогон и политички монтиран процес, како и многу други лица во тој предмет кој настана како резултат на свесно и планирано незаконско бирање на претседател на Собранието, темпирано токму во време кога пред истото се одвива граѓанските протести кои траеја помалку од два часа дневно и судењето за него е политичко и е чиста фарса.

Понатаму тој се осврнува и на работата на Апелациониот суд за случајот Тенк, каде како што вели  по барање на СДСМ за него било  одлучено во рок од 2 месеци од кои еден месец беа годишните одмори на судиите.,а за  терористите од Кумановско Диво Насеље не носи одлука над 16 месеци.
-Судот работи со огромна брзина за банални и фабрикувани политички мотивирани случаи на СЈО и ОЈО од типот на пример протестите во општина Центар, набавката на блиндирано возило, дивоградбата на Фијат Цаноски или 27ми април…, а веќе 7 години максимално бавно за случајот Смилковски езеро каде брутално и сурово се ликвидирани пет млади и невини лица-објаснува екс премиерот