Груевски во интервју за Пинк: Политичкиот прогон е голем срам за Македонија

112

Се среќаваме со серизен политички проблем во Македонија од страна на актуелната власт, вели во ексклузивно интервју за телевизија Пинк, екс премиерот Никола Груевски.
Од страна на актуелната власт во Скопје постојат обиди Србија некако да се вплеткани во заминувањето на Груевски од Скопје. Груевски од Македонија ја напуштил како слободен човек, а потоа таа држава ретроактивно покрена обвинение дека би можела да го убеди народот како тој бегал од правдата, пренесува истоимената телевизија.
Во првото интервју за странски медиуми екс премиерот изјавил дека Србија нема врска со неговите одлуки.
-Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на ѕнгарската дипломатија. Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми. После извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми – вели Груевски за Пинк.

Тој објаснува дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО,  и дека во неа може да добие вид на престој, со кој е заштитен од понатамошен политички проблем.
Додава дека политичкиот прогон е голема срамота за Македонија, и дека не знае како понатаму властите планираат да зборуваат за функционална демократија, кога државата членка на ЕУ доделува политички азил на поранешен премиер поради политички проблеми.
-Се среќаваме со сериозни политички проблеми од страна на актуелната власт-посочува Груевски.
Зборувајќи за гласањето за промена на уставот во Собранието и нудењето на аболиција на поединци од ВМРО ДПМНЕ од страна на мнозинството, Груевски вели дека тоа не се крие, туку веќе отворено за тоа се зборува.

извор: Пинк
превод: фактор