Груби го достави до Владата планот за нераспределените службеници:1357 вработени ќе бидат распределни во 258 институции

62

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците соопшти дека денеска во согласност со законските обврски до Владата на Република Северна Македонија ги доставила информациите со планот за распределба на административните службеници. Oва значи дека вкупно 1 357 административни службеници ќе бидат распределени во вкупно 258 институции на локална самоуправа и други државни органи основани во согласност со Уставот и законот.

„Оваа категорија на вработени ќе биде систематизирана во институции кои вршат активности од областа на образованието, науката, здравството, културата, социјалната заштита и заштитата на децата, спортот, како и други дејствија од јавен интерес утврдени со закон и организирани како јавни агенции, фондови, институции и претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општини, од Град Скопје, но исто така и од општини на град Скопје и државни акционерски агенции“, соопштуваат од Министерството.

Првиот вицепремиер Груби вели дека Планот ги опфаќа вработените во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019
година.

„Согласно планот, вработениот ќе биде распореден во друга институција на работно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува“, рекол Груби, се наведува во соопштението од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.