Најдобриот фудбалер на Астон Вила, Џек Грилиш, е многу проблематичен надвор од теренот. Честопати слушавме за неговите чести прекршувања на правилата, а добро познато е дека Џек е одличен заводник.
Секако, поради статусот што го има во друштвото, Грелиш лесно може да се дојде до девојките, но има и такви кои го одбиваат без никаков проблем.
Неговата последна мета беше манекенката Наталија Зопа, но наместо на оваа 21-годишна девојка, тој „налета“ на нејзиното момче.
- Чудна работа. Најдобриот играч во Премиер лигата се обиде да се допишува со мојата девојка, напиша нејзиното момче Хас Салех.
Извор близок на оваа девојка тврди дека заедно тие само се смееле на пораката што ја испратил Џек и дека Хас е многу горд што еден фудбалер е заинтересиран за неговата поубава половина.