Првиот човек на шпанскиот гигант Атлетико (М), Енрике Черезо, призна дека е многу разочаран од одлуката на францускиот интернационалец Антоан Гризман кој потврди дека сака да си замине од Мадрид за време на летниот преоден рок.

  • Не само што сум изнервиран, јас сум многу разочаран. Мислам дека Антоан има прекрасна иднина во дресот на Атлетико (М), со неколку трофеи и неколку големи победи во Примера, изјави претседателот на „јорганџиите“.