Селекторот на САД, Грег Попович, поднесе оставка од таа позиција. Тренерот на Сан Антонио одлучи да се пензионира, откако освои златен медал на Олимписките игри во Токио, но се уште нема официјална потврда од кошаркарската федерација на оваа земја. Од друга страна, од САД пристигнуваат информации дека директорот на локалната Федерација, Грант Хил, тргнал во потрага по наследник и дека ќе биде назначен до почетокот на сезоната во НБА лигата.

Тренерот на Голден стејт, Стив Кер е прв кандидат за слекторското столче, додека во трка е и Ерик Споелстра, предводникот на Мајами.