Фирмата за преработка на алуминиум за која по социјалните мрежи и дел од порталите излегоа информации дека е меѓу главните загадувачи во Карпош, не загадувала. Од Инспекторатот за животна средина велат дека посочената фирма која врши дејност – топење и преработка на алуминиум од пред Нова година не работи, а тоа го утврдиле на лице место
– Инаку, уште во 2018 година спроведени се повеќе мерења кај субјектот, при што не беа констатирани емисии надвор од дозволените граници – велат од Инспекторатот и додаваат дека во претстојните денови ќе бидат во контрола на целиот потег во Момин Поток каде што се вршат мали стопански дејности.