Градоналникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска потпиша договор со Министерство за финансии за грант од Владата за изградба на секундарната фекална мрежа и изградба на пречистителна станица за отпадни води во Смилковци.
– Вкупната вредност на овој грант изнесува 29.856.458 денари, од кој 18.300.460 денари средства на Владата и 11.555.998 денари средства од буџетот на општина Гази Баба. Овие средства се предвидени за изградба на секундарната мрежа кон домаќинствата и изградба на пречистителна станица – информира Георгиевски.
Претходно Општина Гази Баба со грант од ЕУ преку програмата за прекугранична соработка во висина од 134.329 евра ја започна изградбата на примарната фекална мрежа, која веќе на терен одлично напредува.