Клацкалките кои архитектот Роналд Раел ги постави на американско-мексиканската граница го воодушевија целиот свет. Особено оние кои се против идејата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за изградба на ѕид долж целата граница од 2.000 километри.
Раел поставил три клацкалки на граничната ограда, која ги разделува Санланд Парк во Ново Мексико, сојузна држава во југозападниот дел на САД и Сиудад Хуарез во Мексико.
Снимките од деца кои уживаат во клацкањето и од едната и од другата страна брзо се раширија на социјалните мрежи.
Професорот Раел инаку предава архитектура на Универзитетот во Калифорнија и на Беркли.
При изработката на овој проект му помагала Вирџинија Сан Фрател, професорка по дизајн во Сан Хосе.
– Ѕидот стана темел на односот меѓу САД и Мексико, а возрасните и децата значително се поврзуваат од двете страни. Работите кои се случуваат на едната страна, имаат директна последица на другата страна, напишал Раел на Инстаграм. Тој додава дека овој проект е еден од најневеројатните во неговата кариера, особено затоа што ги спојува луѓето.
Многумина неговото дело го опишуваат како потсетник дека сите сме поврзани. Изградбата на ѕидот кој би требал да спречи криумчарење дрога преку границата со Мексико е изборно ветување на Доналд Трамп.