ГРАД СКОПЈЕ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ: Поддршка за 231 проект од областа на културата

57

Град Скопје годинава со 16 милиони денари ќе подржи 231 проект од областа на културата. На Конкурсот распишан на 15 октомври пристигнаа 411 апликации кои беа оценувани од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и културните институции.

Од поддржаните предлог проекти по 46 им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности, 43 се од областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 54 од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 опфаќаат меѓународна соработка. Во Областа на визуелните уметности најмногу средства, 155 и 150 илјади денари се издвоени за проектот “Кога зградите би зборувале” и за меѓународниот фестивал за документарен филм “Македокс”.

Најмногу средства во областа на изведбени уметности доби фестивалот “Скопско лето” – 1,5 милиони денари, а од музичките уметности проектот “Филхармонија на отворено” – 350 000 денари. Во издавачката дејност по 120.000 добијат проектите “Стара скопска чаршија” и монографијата “Македонска дискографија” … Проектите на јазиците на заедниците, се поддржани со 29 проценти од вкупните буџетски средства.