Градскиот парк во Делчево добива енергетско-ефикасни светилки

50

Започнаа работите за инсталирање енергетски ефикасно осветлување во градскиот парк во Делчево.

Во него ќе се постават нови 138 енергетско ефикасни светилки кои треба да ја постигнат ефикасноста во флукси и да придонесат во намалување на потрошувачката на електрична енергија во овој дел од градот.

Покрај инсталацијата на светилките, ќе бидат набавени и поставени нови 10 канделабри, четири клупи и лед-диодни рефлектори за летната сцена во градскиот парк во Делчево.

Од Општина Делчево информираат дека работите на терен ги изведува фирмата „Инфинити енерџи солушнс“, а во моментов течат земјените работи за поставување инсталација за новите 10 канделабри.

За реализација на проектот се обезбедени сите потребни материјали, како и материјали за изработка на клупи и бојадисување на сите столбови во градскиот парк.

Оваа иницијатива е произлезена од бизнис- заедницата и граѓанскиот сектор, а беше прифатена од Општина Делчево. Иницијативата е финансиски потпомогната од Мрежата за рурален развој на Македонија преку Проектот за поддршка на заедницата УСАИД. Вкупната вредност на проектот е околу 2.500.000 денари.

-Со реализацијата на проектот ќе се подобри осветлувањето во централното градско подрачје на Општина Делчево, но ќе се бележи и значителна заштеда, како за потрошена електрична енергија, така и заштеда за одржување – потенцираат од локалната самоуправа.