Градска пресметка за Скамака

89

Иако потпиша нов договор со Сасуоло кој е со важност до 2026 година, репрезентативецот на Италија, Џанлука Скамака сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Одличниот напаѓач има годишна плата од 800.000 евра и е проценет на околу 40 мил. евра, а според италијанските медиуми најблиску до неговиот потпис се лутите градски ривали Милан и Интер кои веќе му понудија годишна плата од 2 мил. евра.