Градот Берлин купи повеќе од 6.000 станови што некогаш му припаѓале на градот од компанија за недвижнини со цел да го намали притисокот врз берлинскиот пазар на недвижности.
– Со купувањето на 6.000 станови, го комплетираме најголемиот проект за откуп на станови во историјата на Берлин, изјави денеска сенаторката од Берлин, задолжена за градско домување, урбанизам и развој, Катрин Ломпшер.
Становите се купени за 920 милиони евра од луксембурскиот Фонд за недвижнини „Адо Пропертис”, кој ги купи становите од градот Берлин во 2015 година.
Овие се недвижнини се изградени на подрачјето на поранешен Западен Берлин во повоениот период.
– Грешките што ги направивме во минатото со продажба на становите во државна сопственост веќе не можат да се поправат, но затоа можеме да им гарантираме на станарите дека киријата нема да се зголемува, рече Ломпшер.
Повеќето станови се субвенционирани домови за посиромашните семејства.