По цели 40 години, објектот „Лале“ во Аеродром, кој што е дел од детската градинка „Срничка“ добива комплетно реновирани јаслени занимални.

– Станува збор за три простории, каде што се поставуваат нови антибактериски подови за поголема заштита и безбедност на здравјето на дечињата – истакна в.д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески.

Тој додаде дека неодамна, овој објект добил нова енергетско-ефикасна фасада, а парцијално се работи на набавка на нов мебел, како и реновинање и на други занимални на долниот кат од „Лале“, со што децата во наредниот период ќе добијат подобри услови за престој и правилен раст и развој.